„Пелистерка“ го обелодени својот календар за 2018 година, со 12 македонски спортистки. Нас не радува што еден дел од нив се од боречките спортови и фитнесот. Без разлика на тоа, сите спортистки се убави, згодни, сексапилни, а женственоста блеска.
Идејата на календарот е да се покаже дека жените можат да бидат убави, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани, а мотото на кампањата е „Вода за најдобри“.
На календарот се Берна Шерифовска (џудо), Дрита Ислами (атлетика), Едина Муса (кошарка), Елена Чуркоска (кајак), Ивана Јанкова (одбојка), Катерина Николовска (велосипедизам), Леана Таќи (тријатлон), Марија Божиновска (боди-билдинг), Милјана Ристиќ (маратон), Наташа Андонова (фудбал), Нина Ѓорѓевиќ (карате), Стефани Тодорова (кикбокс).
Ipon.mk