И официјално: Стипе Миочиќ е следниот предизвикувач за титулата!

stipe champ

И официјално е потврдено дека Стипе Миочиќ ќе  биде следниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ.

„Пожарникарот“ ќе се бори со подобриот од реваншот меѓу Фабрицио Вердум и Киан Веласкез, кој е закажан за 6 февруари.

Шансата ја заслужи откако минатиот викенд во Лас Вегас го победи со нокаут за 54 секунди поранешниот шампион Андреј Арловски.

Се едно му е со кого ќе се бори за титулата.

„Го имам најдобрите тренери на светот. Тие веруваат во мене. Јас верувам во нив. Така што кој и да биде, не се грижам. Само си ја сакам приликата“, рече тој.

Стипе Миочиќ е првиот борец со хрватско потекло кој ќе се бори за титулата во тешка категорија на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON