Еден долго очекуван дуел од навивачите дуел веќе е факт. Пол Дејли и новото засилување на Белатор Рори Мек Доналд ќе се сретнат на Белатор 179 во Лондон на 19 мај.
Пол Дејли е вистински ММА ветеран. Учествувал на речиси во секоја поголема ММА организација, а победите со нокаут се 29 на број, а се повеќе од вкупниот број натпревари на повеќето современи борци.
Рори Мек Доналда ќе го има првиот дуел во Белатор, откако потпиша за оваа организација по напуштањето на УФЦ. „Ред Кинг“ не ја крие желбата да стане шампион во полусредна категорија на Белатор, а првиот чекор кон исполнување на оваа цел ќе биде победа над Пол Дејли.
Дефинитивно, не очекува еден навистина возбудлива борба.