И официјално: Хабиб Нурмагомедов се среќава со Едсон Барбоса на УФЦ 219

Хабиб Нурмагомедов конечно се враќа во октагонот.

Рускиот борец во лесна категорија е надвор од кафезот од март кога не влезе да се бори поради компликациите за време на симнувањето на килажата. Сега на УФЦ 219 во декември ќе има обид за ново докажување против Едсон Барбоса.

Официјално, веста е потврдена од страна на УФЦ.

Брабоса е експлозивен борец кој се доближи до врвот во категоријата. Неговиот последнен пораз беше против сегашниот привремен шампион Тони Фергусон во 2015 година. Оттогаш има три последователни победи.

Статистиката кај Нурмагомедов е импресивна 24-0, но неговите проблеми надвор од кафезот го принудија да се бори само двапати од април 2014 година.

Останува сомнежот дали сепак ќе може да влезе во категоријата или ќе го повтори фијаското од УФЦ 209.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON