И официјално Џошуа – Паркер на 31 март

Промоторот на Ентони Џошуа (20-0, 20 КО), Еди Херн, официјално ја објави на социјалните мрежи долгоочекуваната вест  – мечот во тешка категорија за обединување на светските титули против Џозеф Паркер (24-0, 18 KO).

Како што е познато, Џошуа е носител на супершампионската титула на Светската боксерска асоцијација (ВБА) и на шампионскиот појас на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), а Паркер е шампион на Светската боксерска организација (ВБО). Нивниот судир ќе промовира шампион на три од четирите признаени федерации, а целта на Џошуа е да ги обедини сите појаси во категоријата.

На 31 март ќе излезат на рингот на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, а по првичните податоци Англичанецот ќе добие 65 отсто од заработката на борбата – околу 20 милиони евра, додека Паркер би зел 60 проценти во евентуален реванш, клаузулата за кој ќе биде активирана само при пораз на Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON