И членот на Управниот одбор, Насе Насев, си даде оставка кој ја извршуваше функцијата на спортски директор и се солидаризираше со претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец, кој исто така си поднесе неотповиклива оставка.
„Бидејќи дојдов со д-р Ванчо Чифлиганец во раководтсвото на Федерацијата и јас си заминувам. На другите што ќе дојдат по нас и пожелувам успешна работа“, изјави за Ipon.mk, Насе Насев.
Ipon.mk/В.Д.