И Ленокс Луис даде свое мислење за боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол

Боксерската легенда Ленокс Луис смета дека Мајк Тајсон има шанса да го совлада Џејк Пол во нивната борба која е закажана за 15 ноември во Арлингтон.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија по долгото ривалство го победи Ајрон Мајк со нокаут во осмата рунда во 2002 година.

Три години по поразот од Луис, Тајсон го имаше последниот професионален меч кога по шестата рунда му се предаде на Кевин Мекбрајд.

Легендарниот 58-годишен Мајк учествуваше во неколку егзибициски борби, а сега го чека нова професионална пресметка против 30 години помладиот противник.

А Луис се повлече од боксот во 2004 година, само неколку месеци откако го победи со прекин во шестата рунда Витали Кличко.

Олимпискиот победник од 1988 година во Сеул извесно време беше тренер, а неодамна често се појавува во медиумите коментирајќи ги актуелните боксерски настани.

Сега ги кажа своите размислувања за боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол

„Се надевам дека Мајк Тајсон ќе победи. Тој е боксер, знае да се заштити и да удри во телото, Мајк знае да го скрати рингот“, изјави 59-годишниот Ленокс Луис и додаде:

„Тајсон е помлад од мене и многу зависи од неговата подвижност. Мора да видиме колку брзо може да се движи низ рингот против помладо момче. Одамна не сме се виделе, па не знам дали може да се снајде. Но, можам да видам дека изгледа мускулесто. Ако е во форма, сигурен сум дека може да се справи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО