И Карате федерација на Балканот закажа Балканско првенство за деца во Белград, Србија, од 28 до 31 мај, исто така, според плакатот, поддржано од ВКФ.
Само пред неколку дена објавивм дека генералниот секретар на Турската карате федерација, Ерџумент Ташдемир, објави плакат за Балканското првенство за деца од 24 до 26 април кое ќе се одржи во Истанбул во организцаија на новоформираната Балканската карате федерација која според означувањата на паллактот е поддржана и од Светската карате федерација (ВКФ).
Ова веќе станува лудо и класична поделба на балканското карате кое важеше за едно од помоќните во Европа и Светот.
Да потсетиме дека се почна на крајот на минатата година пред сениорското Балканско првенство во Словенија кога балканските држави се поделија и не го одржаа шампионатот во вообичаената формација на држави.
Во Словенија не учествуваа Македонија, Турција, Бугарија, Албанија и Косово, а Грција вообичаено не учествува на балканските натпревари. постои веројатност на овој блок да се приклучи и Романија, а седиштето на БКФ да биде во Скопје.
На другата страна се Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.