И Ислам Махачев жали и за големиот борач Бујвасар Саитиев

Шампионот на УФЦ во лесна категорија (до 70 кг) Ислам Махачев ја коментираше веста за смртта на трикратниот олимписки шампион во борење во слободен стил Бувајсар Саитиев.

„Помина една ера, една легенда си замина. Сочувство до целото семејство и пријателите, ќе ни недостасуваш“, напиша Махачев на социјалните мрежи.

Бувајсар Саитиев стана олимписки шампион три пати (1996, 2004 и 2008 година). Покрај тоа, Русинот е шесткратен светски шампион (1995, 1997, 1998, 2001, 2003, 2005 година), шесткратен европски шампион (1996, 1997, 1998, 2000, 2001, 2006 година) и четирикратен руски шампион.

Во 1995 г. му беше доделена титулата Почесен мајстор за спорт на Русија и беше одликуван со Орден за заслуги на татковината, Орден на честа и Орден за пријателство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО