Ирската боксерска асоцијација (ИАБА) одлучи да не ги испраќа своите натпреварувачи на претстојното Светско првенство во машка и женска конкуренција поради несогласување со раководството на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА). Веста ја пренесе спортскиот портал „Inside the Games“ кој посочи дека одлуката е поддржана со три четвртини.
Неодамна и Боксерската федерација на Соединетите Американски Држави одби да учествува на светските првенства. Одлуката, чии мотиви ги делат Ирците, е донесена откако ИБА им даде дозвола на боксери од Русија и Белорусија да учествуваат на меѓународни натпревари. Претседател на ИБА е рускиот бизнисмен Умар Кремљев.
Светското првенство за жени треба да се одржи во март во Њу Делхи, Индија, додека првенството за мажи е закажано за мај во главниот град на Узбекистан, Ташкент.