Новкрунисаниот светски првак во тешка категорија, Тајсон Фјури, не ја отфрла можноста за реванш со Владимир Кличко, од кого го прзема приматот најдобар.
Сепак, Фјури (27 г.) инсистира тоа да биде на негов терен, односно на Вембли, пред многу поголем број навивачи отколку во саботата во Германија. На најголемиот стадион во Велика Британија би можеле да дојдат најмалку 80 илјади гледачи што сигурно само ќе го зголеми спектаклот на двајцата најдобри боксери на денешнината.
„Би сакал тоа да биде на Вембли иако немам против каде било да излезам против Кличко: Јапонија, Турција, Азербејџан, САД… Искрено, би се врати и во Германија затоа што навивачите таму ми покажаа љубов и сакам да бидат среќни”, изјави Фјури.
Кличко најави дека ќе има реванш против Фјури, најверојатно идната година.