Дејвид Хеј истакна дека подготвен да се сретне со популарниот ММА борец Џими Манува како загревање за евентуалната суперборба меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер. Слично желба искажа и Рој Џонс – Јуниор, кој со години чека да се сретне со Андерсон Силва – Пајакот.
Манува, кој е познат по тешките тупаници, директно го предизвика Хеј на бокс меч.
„Штом Конор сака да се бори со Мејведер, зошто да не се бориме на ова шоу. Мојот одговор за Манува е ДА! Импресиониран сум од начинот на кој го нокаутира Андерсон во последниот меч. Ако има некој од ММА кој може да стане боксер, тогаш тоа е Манува. Ги има сите податоци. Нема да биде лесно да организираме слична средба“.
Во моментов Хеј продолжува да се опоравува по операцијата на ахиловата тетива.
.