„Жртвите“ на мелдониум од почетокот на годината се зголемија, откако стана јасно дека четворица самбо борачи, меѓу кои и двајца Руси, дале позитивни примероци на забранетата супстанца. Веста беше соопштена од претседателот на Меѓународната федерација за самбо, Василиј Шестаков, за ТАСС.
„Самбото не ги избегна проблемите со злоупотреба мелдониумот по добивањето на најновите информации. Допинг примерокот на четиримината натпреварувачи, вклучувајќи и двајца Руси, се позитивни на оваа супстанца“, изјави за ТАСС Шестаков.
Потсетуваме дека употребата на мелдониум предизвика сериозни полемики, откако во почетокот на годината повеќе од 130 спортисти во целиот свет дадоа позитивни примероци на забранетата супстанца. Ниту еден од спортисти „перстапници“ нема забарана за натпреварување, бидејќи се уште Меѓународната антидопинг агенција (WADA) не може да докаже со покатегоричен пример колку време е потребно за да се распадне мелдонинот во организмот. Супстанцата беше вклучено во листата на забранети стимуланси од 1 јануари 2016 година, а спортистите биле предупредени за тоа во текот на есента, но поголемиот дел од нив тврдат дека престанале да го земаат препаратот уште есента.