И Ангела Мојсовска не го помина првиот круг на Премиер лигата во Фуџаирах

Со настапот на Ангела Мосјовска македонските каратисти го завршија првиот турнир оваа година на Карате 1 Премиер лигата во Фуџаирах, Обединетите Арапски Емирати, при што забележа два порази.

Мојсовска водеше неизвесна борба со Еда Елтемур која заврши во корист на турската каратистка со 4-5. Во вториот меч, под импресии на првиот, Мојсовска доживеа висок пораз од 1-10 од Италијанката Силвија Семераро.

Понатаму отиде Семераро, бидејќи ја победи и Елтемур, и ќе се бори за златниот медал притив Ирина Заретска од Азербејџан.

Ова е прва Премиер лига за оваа година со нов формат. Најдобрите 32 од секоја категорија ќе се натпреваруваат во нов систем – 8 групи по 4 натпреварувачи. Прво ќе се оди по „Бергер-систем“ секој со секој и потоа најдобриот од секоја група оди во четвртфинале.

На Премиер лигата настапуваат 342 каратисти од 55 држави.

Резултати – Карате 1 Премиер лига:

-68 кг – 2.Група
Ангела Мојсовска – Еда Елтемур (Турција) 4-5
Ангела Мојсовска – Силвија Семераро (Италија) 1-10
Еда Елтемур (Турција) – Силвија Семераро (Италија) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON