Хва ранг ИТФ згази на „Србија опен 2017“, а Грците навиваа за нашиот клуб (ФОТО)

 Во Бачка Топола –Србија на  Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир од А -класа „Србија опен 2017“ Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид освои 25 медали – 6 златни, 7 сребрени и 12 бронзени, и пехар за 3 место за најдобар клуб  на турнирот.

На турнирот учествуваа  32 клубови од 15 земји: Македонија, Бугарија , Грција, Србија, Романија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Словенија, Австрија, Чешка, Словачка, Молдавија, Велика Британија, Италија, при што нашиот претставник насатапи со 15 натпреварувачи во форми и борби.

Во форми имаше македонско финале за јуниори – зелен појас меѓу Давид Велковски и Антонио Јанески, во кокуренција на 17 натпреварувачи, но и полуфинале и финале за деца до 14 години жолт појас (24 натпреварувачи), притоа во полуфиналето Климент Кузманоски го победи Филип Трифуиноски , а во финале истиот натпреварувач го победи и Давид Крстески кој се натпреваруваше во две категории, деца до 10 години и деца до 14 години.

„Хриситјан Митрески имаше чест за него да навиваат претставници од Грција, кои  беа восхитени од неговата храброст и техника, во кокуренција на 19 натпреварувачи, при што стигна до финалето, а таму беше оштетен од судиите, притоа и Грците поднесоа протест до судиите, чувството кога спортот е поважен од политика е неопишливо. Можеме да се пофалиме дека нашите натрпеварувачи направија неколку нокдaуни во текот на борбите со атрактивни удари, при што сите го искажуваа своето воодушевување“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски и додава дека овој турнир ќе го паметат по извонредното претставување на неговите натпреварувачи  кои дале максимумот, со што биле во центарот на вниманието на новиот секретар  на ИТФ, мастер Ким Сунг Хван. Лично неколку пати се поздравил и упатил честитки до тренерот Марјанчо Лазаревски, изјавувајќи дека е еден од ретките клубови со огромен прогрес.

И еден куриозитет, ова е трет натпревар на кој сите натпреварувачи на Хва ранг ИТФ се закитуваат со медали, а прв од А класа.

Лазаревски истакнува дека се оштетени за неколку медали и за уште еден пехар, доколку  судењето било како што треба.  Според него, Давид Крстески требало да биде прв и во борби и во форми во негова категорија, а за својата одлука судиите се исвиркани од публиката, со што му избегал пехарот за најдобар млад натпреварувач. Лазаревски наведува дека меѓу оштетените се и Хриситјан Митрески во финалните борби, Елена Јанеска во првиот круг на форми, Антонио Јанески во полуфинале, Филип Трифуноски во финале, Климент Грозданоски во полуфинале, Миле Климоски во четвртфинале, Тамара Велјаноска во полуфинале, а се обиделе да му го земат и златниот медал на Филип Јосифоски кој двапати го нокаутирал неговиот противник.

„Судиите беа толку дрски што извадија нерешен резултат, а по големата врева и негодоување во продолжението беа присутни сите делегати и заслужено го зеде првото место“, нагласува Лазаревски.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON