Теквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, викендов ќе учествува на Меѓународниот турнир „14 Љубљана опен 2016“ во Словенија.
Според тренерот Марјанчо Лазаревски, ова е еден од најјаките турнири во нашиот регион, на кој многу земји ќе ги избираат репрезентативците за наредното Светско првенство за јуниори и ветерани во Италија во септември месец. Токму затоа одат на овај престижен турнир, да го проверат кандидатот за Светското првенство, Александар Јованоски.
На турнирот ќе настапат Крстесеки Давид, Крстески Марио, Јанеска Елена, Јанески Антонио, Димов Јане, Митрески Христијан, Велковкси Давид, Димитриевиќ Божидар, Спасека Јана, Јованоски Александар и Климоски Миле.