Теквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид на свечен начин ја заокружи годината исполнета со успеси, односно освоени се вкупно 86 медали во сите возрасни категории. Клубот кој зад себе има повеќе од 25 години, во годината што изминува учествуваше на десеттина меѓународни турнири. Специјални награди за резултатскиот придонес за клубот добија Елена Јанеска, Антонио Јанески и Давид Крстески.
„2018 е една од најуспешните години во нашиот клуб. Најголем наш успех е завршувањето на спортската сала во која секојдневно тренираме. Прет почетокот на сезоната одлучивме да учествуваме на исклучиво квалитетни турнири од меѓународен карактер. Во однос на минатата година имаме помалку одличја, но повредни, бидејќи се остварени на многу квалитетни турнири. Во годината што доаѓа ќе учествуваме на сите турнири, а првиот не очекува во февруари“, изјави првиот човек на клубот, Марјанчо Лазаревски.
Завршната вечер на охридскиот теквондо клуб започна со минута молк за прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски кој беше голем подржувач и љубител на спортот.
Ipon.mk