Хва ранг ИТФ, Сонкал и Мастер најсупешни на 3.Државно првенство во традиционално таеквондо

Одржано 3.Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија во Охрид, во организација на таеквондо клубот „Мастер“, а под капата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).

Во името на М.Т.Т.Ф., сакаме да изразиме искрено сочувство до семејствата на несреќно починатите лица во трагичниот настан во Кочани.                                                                     Во чест на починатите, ги објавуваме резултатите од државното првенство со задоцнување. Нашите мисли се со семејствата и сите погодени од оваа трагедија

На натпреварот учествуваа 83 натпреварувачи  во две дисциплини – форми и борби. Натпреварувачите доаѓаа од различни клубови: „Мастер“ Охрид, „Ахилиус“ Скопје, „ХВА ранг ИТФ“ Лескоец, Охрид, „Сонкал“ Мислешево, Струга и „Чонџи“ Косел, Охрид. Многу од нив покажаа исклучителни вештини, потврдувајќи ја подготвеноста за место во репрезентацијата.

Натпреварувачите не само што се бореа за медали, туку и за место во репрезентацијата, со цел да учествуваат на Европското првенство во таеквондо ИТФ, кое ќе се одржи од 28 април до 4 мај 2025 година во Талин, Естонија.

Резултати од првенството:

Најдобар клуб е Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид со освоени 18 златни, 15 сребрени и 18 бронзени медали и 6 пехари за најдобри поединци.

На второто место се најде Таеквон-до ИТФ клубот „СОНКАЛ ”Мислешево Струга со освоени 9 златни, 4 сребрени и 4 бронзен медал и два  пехари за најдобри поединци.

На третото место се најде Таеквон-до клубот „МАСТЕР” Охрид со освоени 4 златни, 4 сребрени, 1 бронзен  медали и два  пехари за најдобри поединци.

На четвртото место Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ” Косел Охрид со 3 златни ,1 сребрен и 9  бронзени медали.

На петтото место Таеквон-до клубот „АХИЛИУС” Скопје со освоени 1 златен, 4 сребрен и 2 бронзени медали.

Најдобри поединци во нивните старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари се:

-најдобро девојче 8-9 години, Зорана Попоска

-најдобро дете 8-9 години, Хриситјан Гагалески

-најдобра кадетка 10-11 години, Адријана Китаноска

-најдобар кадет 10-11 години, Христијан Шибакоски

-најдобра кадетка 12-13 години, Миа Танеска

-најдобар кадет 12-13 години, Вук Бурмаја

-најдобра јуниорка 14-15 години, Анастасија Чулческа

-најдобар јуниор 14-15 години, Даријан Китаноски

-најдобра младинка 16-21 година, Христијана Парулеска

-најдобар младинец 16-21 година , Давид Крстески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON