Натпреварувачите на „Хва ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид Меѓународниот таеквондо турнир „Корча опен 2022“ во Корча, Албанија, ос воија 30 медали – 11 златни, 9 сребрени, 10 бронзени, како и 6 пехари – 4 за најдобри поединци, пехар за најдобар тренер и севкупен пласман, пехар за најдобар клуб, освојувајќи го 2-то место.
Сите таеквондисти учествуваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби .
Освојувачи на медали и пехари се:
– Христијана Парулеска
Пехар за најдобар женски кадети 12-14 години 1 место (злато) форми, 1 место (злато) борби
-Елена Јанеска
Пехар за најдобар женски јуниори 15-17 години 2 место (сребро) форми , 1 место (злато) борби
-Даријан Китаноски
Пехар за најдобар машки кадет 9-11 години 1 место (злато) форми, 1 место (злато) борби
-Божидар Димитриевиќ
Пехар за најдобар машки сениор 9-11 години 1 место (злато) форми, 1 место (злато) борби
-Софија Колушоска
3 место (бронза) форми 3 место (бронза) борби
-Бојана Китаноска
3 место (бронза) форми
-Тамара Тодороска
2 место (сребро) форми
-Давид Ристески
2 место (сребро) форми , 3 место (бронза) борби
-Стефан Чулчески
2 место (сребро) форми , 3 место (бронза) борби
-Теодора Тодороска
2 место (сребро) форми
-Филип Зенгоски
1 место (злато) форми
-Климент Богоески
2 место (сребро) форми, 1 место (злато) борби
-Владимир Димитриевиќ
3 место (бронза) форми, 3 место (бронза) борби
-Анастасија Чулческа
1 место (злато) форми, 2 место (сребро) борби
-Давид Велковски
2 место (сребро) форми, 2 место (сребро) борби
– Миа Танеска
3 место (бронза) форми, 1 место (злато) борби
-Мила Јосифоска
3 место (бронза) форми, 3 место (бронза) борби
Освоени пехари:
Пехар за најдобар клуб, 2 место за севкупен пласман
Пехар за најдобар тренер
Пехар за најдобар женски кадет 12-14 години
Пехар за најдобар женски јуниор 15-17 години
Пехар за најдобар машки кадет 9-11 години
Пехар за најдобар машки сениор 18-34 години
На турнирот учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 се од Македонија.
„На сите борилишта доминиараа нашите натпреварувачи, оправдувајќи го постигнатиот успех од „Гран при Зворник 2022”, изјави тренерот Марјанчо Лазаревски, при што најавува и учество на Меѓународниот А класа таеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови сад, Србија.