Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид, викендов ќе учествува на Меѓународниот теквондо „ИТФ куп“ во Нитра, Словачка, кој смета за еден најјаките турнири во централна Европа.
На турнирот под водство на тренерите Марјанчо Лазаревски и Зоран Донев ќе настапат: Крстесеки Давид, Крстески Марио, Јанеска Елена, Јанески Антонио, Димов Јане, Митрески Христијан, Велковкси Давид, Димитриевиќ Божидар, Спасека Јана, Јованоски Александар и Климоски Миле.
„Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на ТК Хва ранг ИТФ ќе не претстават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди“, вели Лазаревски.
Ipon.mk/В. Д.