Хва ранг ИТФ ќе учествува на таеквондо турнирот „Софија опен 2022“

Викендов што доаѓа Таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на Меѓународен таеквондо ИТФ А класа турнир „Софија Опен 2022“ во соседна Бугарија  кој се организира за прв пат, а своето учество го имаат пријавено клубови од повеќе земји.

„На овај меч одлучивме боите на клубот, а воедно и на Македонија да ги бранат тројца натпреварувачи, европските вицешампиони Давид Крстески, Христијана Парулеска и Елена Јанеска. Иако конкуренцијата е голема и квалитетна според пријавите, се надеваме на успех, вели тренерот Марјанчо Лазаревски..

Исто така од клубот го најавуваат нивниот турнир „Охрид опен 2022” кој е меѓународен таеквондо ИТФ турнир и ќе се одржи на 25 јуни 2022 година во СРЦ „Биљанини извори“, влезот ќе биде бесплатен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON