Теквондо клуб Хва ранг ИТФ Лескеоц-Охрид, кој воедно е и најдобар клуб во Македонија, традиционално ја одбележа годината на заминување со свеченост на која беа прогласени најдобрите натпреварувачи и се зборуваше за успесите.
„Можеме да се пофалиме дека 2019 година е една од најплодните години на нашиот клуб и најуспешна година на Макeдонската ИТФ“, вели првиот човек на клубот Марјанчо Лазаревски.
Најголемиот успех за оваа година, а водено и историски, прв во Македонија кој на 11 годишна возраст освоил бронзен медал на Европското таеквондо ИТФ првенство во Римини –Италија го забележа Давид Крстески.
Оваа година медали освоија:
- Димитар Андрески -1 златен, 1 бронзен медал
- Тео Стефаноски – 1 сребрен, 2 бронзени медали
- Стефан Богоески – 2 сребрени, 1 бронзен медал
- Мартин Богоески – 1 златен медал
- Климент Богоески – 1 сребрен медал
- Александар Христоски – 1 сребрен медал
- Елеонора Христоска – 1 сребрен медал
- Теодора Митреска -1 златен , 1 бронзен медал
- Филип Митрески – 1 бронзен медал
- Петар Трифуноски – 1 сребрен, 1 бронзен медал
- Михаил Јоноски – 2 златни, 1 сребрен, 2 бронзени медали
- Хрстијана Парулеска – 2 сребрени, 3 бронзени медали
- Софија Колушоска – 4 бронзени медали
- Јохан Парулески– 1 златен медал, 2 бронзени медлаи
- Леон Смически – 1 бронзен медал
- Никола Балчески – 2 златни, 2 сребрени, 3 бронзени медали
- Дарјан Китаноски – 1 бронзенен медал
- Владимир Димитриевиќ – 1 златен, 1 бронзен медал
- Миле Климоски- 1 бронзен медал
- Стефан Каланоски- 2 златни, 2 сребрени медали
- Кристина Симиќ -1 сребрен медал
Најдобри поединци кои осовиле најмногу медали за оваа година се:
Трето место – Марио Крстески– 2 златни, 1 сребрен, 3 бронзени медали
Второ место – Елена Јанеска – 2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали
Прво место – Јане Димов – 5 златни, 3 сребрени, 2 бронзени медали
Четвртфиналистите на Светското првенство во Пловдив Бугарија
Божидар Димитриевиќ – 1 златен, 3 сребрени, 4 бронзени медали
Давид Велковски– 1 златен, 3 сребрени, 2 бронзени медали
„На крајот на ноември еден наш долгогодишен член, кој работи и живее во Скопје, Климент Грозданоски во склоп на Кикбокс федерацијата на Македонија, учесвуваше на ВАКО кикбокс Светското првенство во Анталија –Турција, каде што со две победи над претставниците од Ерменија и Италија се избори за влез во полуфинале и се закити со бронзен медал, со што направи повторно да се гордееме на нашиот квалитет“, рече Лазаревски.