Нурмагомедов сака да го научи Мек Грегор да го почитува УФЦ

Хабиб Нурмагомедов кој ќе се сретне со Тони Фергусон на УФЦ 209 на 4 март за привремената титула во лесна категорија излезе со многу критики на сегашниот шампион Конор Мек Грегор. Непоразениот Русин ја користи секоја можност да го предизвика Ирецот, вклучувајќи го и вчерашното интервју.

„Мислам дека имам 20 пати повеќе фанови од Конор. Сметам дека УФЦ треба да реагира, бидејќи оваа кукавица не е лојална. Ако се сеќавате, уште за првиот дуел во УФЦ ги молеше да му платат 50 илјади долари. Побарал од Дана Вајт да му плати толку. И УФЦ го направи тоа. Ако не се бореше во УФЦ, како ќе го постигнеше сето тоа?

А сега зборува дека може и без нив да направи кариера во боксот. За мене тоа е непочитување на УФЦ“.

Нурмагомедов зборуваше за неодамнешните планови на Мек Грегор кои вклучуваат сопствена промотерска компанија и организирање на мечот со Флојд Мејведер во боксерскиот ринг. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги оцени неодамнешните потези на Ирецот како „епски неуспех“, но „Игл“ ги понуди своите услуги, да го заземе местото ма Мек Грегор.

„Сакам да и кажам на УФЦ дека можам да им помогнам. Можам малку да го смирам, бидејќи се сеќавам како се молеше за 50.000 долари. Сега цени дека може да направи дуел со Мејведер без да учествува УФЦ. Не се интересирам за мојот ПР, бидејќи почнувам да се грижам колку сум популарен во Дагестан и Русија – никогаш претходно не сум почувствувал таква тензија. И затоа не размислувам за овие работи.

Но, зошто да не скроти малку овој тип? Ќе го згазам, ако сакаат од УФЦ“.

Ако Нурмагомедов успее да победи „Ел Цуцуј“ на УФЦ 209, обединување на титулата со Мек Грегор изгледа сосема реално нешто подоцна во оваа година, освен ако Ирецот не сака да отсуствува подолго, всушност да излезе против Мејведер. Во сите случаи Русинот има уште еден борец од лесна категорија кого треба да победи пред да затропа на вратата на Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON