Хулк таеквондо академијата го Трофејот за прво место во јуниорска конкуренција А-класа на вчерашниот Меѓународен турнир во Крагуевац, Србија, „Престиж куп” со околу 450 натпреварувачи.
Освен тоа со медали се закитија:
Димитриј Здравковски – златен медал јуниор А класа
Михаела Гаврилова – златен медал јуниор А класа
Јован Камчев – златен медал јуниор А класа
Лука Савовски – сребрен медал кадет А класа
Мартин Савовски – бронзен медал сениор А класа
Блага Цветковска – бронзен медал јуниор А класа
Душица Стаменова – бронзен медал кадет А класа
Христијан Симоновски – бронзен медал кадет А класа
Петар Блажевски – бронзен медал пионер А класа
Ангел Јовановски – бронзен медал кадет А класа
Стефани Трајчевска – бронзен медал кадет А класа
Од клубот се надеваат дека наскоро ќе бидат примени во Македонската таеквондо федерација по подолгото чекање и исполнување на условите, па и овие момци и девојки да и приредат радости на македонската јавност како што тоа го прават сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, Филип Додевски и останатите наши таеквондисти.