„Хулк од Урал“ го напушти УФЦ пред дебито и потпиша за Ризин

Иван Штирков (16-0-1) во април требаше да дебитира за УФЦ Санк Петербург.

Дури одработи и церемонијално мерење за борбата со Девин Кларк кога беше објавено дека завршил во болница и дека борбата е откажана.

Непоразениот Русин кој до тогаш се бореше во тешка категорија требше да се бори во категоријата до 93 килограми.

Неговото менаџер објави дека вистинската причина за откажувањето била таа што на допинг тестот спроведен од страна на УСАДА имал „абнормални“ резултати, кои не покажувале дека бил позитивен на допинг, но кои и не можеле да докажат дека е тестостерон, кој бил во дозволените граници, произведен во телото по природен пат.

Состојбата со УФЦ и можноста за суспензија го реши со раскинување на договорот и упатување во Јапонија.

Па така, „Хулк од Урал“ на 28 јули со Саитама супер арена ќе дебитира за Ризин против Хон Ким (10-12-2-1НЦ).

39-годишниот Кореанец најголема победа во кариерата ја забележа во 2011 година кога со триаголник во првата рунда го победи сегашниот УФЦ шампион во средна категорија Роберт Витакер.

РИЗИН 17:

Јусуке Јачи – Микуру Асакура
Јуки Мотоја – Хиромаса Огикубо
Синтаро Ишиватари – Улка Сасаки
Тацуја Каваџири – Али АбдулХаликов
Сатору Китаока – Џони Чејс
Роберто де Соуза – Мизуто Хирота
Сео Хее Хам – Томо Маесава
Џејк Хеун – Виталиј Шеметов
Иван Штирков – Ким Хун
Кралот Реина – Стефани Егер
Кевин Рос – Даики Ватабе (кикбоксинг)
Таига – Хикари Мачида (кикбоксинг)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON