Хукер нема да ја направи грешката на Чендлер и вечно да го чека Конор

Ден Хукер (24-12) изгледа ќе биде следниот противник кој ќе го пречека Конор Мек Грегор (22-6) назад во октагонот на УФЦ, но тој е категоричен дека нема да ја направи грешката на Мајкл Чендлер (23-8), кој помина скоро 2 години чекајќи го Ноториус.

„Откако почнаа гласините, луѓето ме повикуваа да не станам следниот Мајкл Чендлер. Тоа е планот. Ќе се борам на почетокот на следната година. Им кажав на УФЦ дека сакам јануари или март. Ќе биде против топ 5 тип или Конор Мек Грегор. Тоа се луѓето со кои ќе имам меч во кафезот“, изјави Хукер за Јаху спорт.

„Егзекуционерот“ моментално е шесторангиран во лесна категорија и најверојатно ќе се стреми кон борба за титулата, но пред тоа му треба успех против еден од Арманд Царукјан, Чарлс Оливеира, Џастин Гејџи, Дастин Пореир или Макс Холовеј, ако „Блажениот“ реши да остане во дивизијата по неговиот меч за титулата во перо категорија со Илија Топурија овој викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО