Хрватскиот боксерски сојуз соопштува дека согласно одлуката на Извршниот одбор од 7 ноември 2024 година и одлуката донесена од членовите на ХБС на редовното годишно собрание на 7 декември 2024 година, ХНС е примен во полноправно членство на Светскиот бокс, пишува на официјалниот сајт на Федерацијата.
Од почетокот на прашањата за управувањето во Светската боксерска федерација (ИБА) и односите меѓу Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и ИБА, Хрватската боксерска федерација, во соработка со надлежното министерство и Хрватскиот олимписки комитет, ги следеше сите насоки и инструкции за да го оствари членството во новата светска боксерска федерација Светски бокс, препознавајќи ја тежината и чувствителноста на оваа ситуација која ги засега сите чинители во светскиот и европскиот, но и хрватскиот бокс.
Светскиот бокс моментално има околу 60 земји членки и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) може и планира да му ја довери организацијата на квалификациските натпревари и олимпискиот боксерски турнир за следните Олимписки игри во 2028 година во Лос Анџелес, што треба да се потврди според најавите во пролетта 2025 година.
Во писмото испратено во средата, на 9 јануари 2025 година, до Хрватскиот боксерси сојуз, адресирано до генералниот секретар на ХБС, Николина Јуриќ, која го водеше целиот процес на пристапување во име на ХБС, а потпишан од претседателот на Светскиот бокс Борис ван дер Ворст, е напишано:
„Со ова писмо потврдуваме дека Хрватскиот боксерски сојуз е полноправен член на Светскиот бокс според Статутот, правилата и прописите кои ги обврзуваат сите национални федерации да постапат на најдобар начин во корист на спортот бокс. World Boxing смета дека Хрватската боксерска федерација ги има сите неопходни критериуми за полноправно членство.