Филип Хрговиќ уште еднаш ќе отпатува во кампот на Кличко.
Европскиот шампион му помогна на Украинецот и на подготвките за борбата со Тајсон Фјури, која на крајот беше откажана, но овој пат ќе му помогне во спаринзите за мечот со Ентони Џошуа на 29 април.
„Уште еднаш од кампот на Владимир Кличко пристигна во признание за мојата работа и квалитет. Бев повикан да му помогнам во подготовките за средбата со Ентони Џошуа, еден од најважните мечеви во неговата кариера. Се радувам на неделите што следуваат и сигурен сум дека ќе му бидам од корист“, објави Хрговиќ на Фејсбук.