Хрватката Лена Стојковиќ освои бронза на Олимписките игри во Париз

Хрватската таеквондистка Лена Стојковиќ ја победи турската репрезентативка Мерве Динчел Кавурат со 2-0 (1-0, 5-3) во борбата за бронза во категоријата до 49 килограми на Олимпискиот турнир во Париз.

Двократната светска и трикратна европска шампионка во теквондо додаде олимписки медал во својата колекција, шести за Хрватска на Игрите.

Двете претпазливо влегоа во мечот, ниту една не ризикуваше. Турчинката на крајот на рундата доби казна и Лена поведе со 1-0.

Стојковиќ одлично се снајде и во втората рунда која ја доби со 5-3 за конечна победа и бронза.

„Пресреќена сум и им благодарам на сите, пред се на тимот, на тренерот и на клубот од Сплит. Имав секакви спаринг партнери, бев толку подготвена кога дојдов овде. Среќна сум и горда, одиме понатаму“, изјави Лена Стојковиќ за ХРТ, а потоа додаде:

„Очекував тешка борба со Тајланѓанката. Се обидов да го искористам најдоброто од тоа, но после тоа се ресетирав. Верувавме дека можеме против Турчинката. Толку добро се подготвив што не ми беше ништо“.

Лена на патот до медалот во осминафиналето ја победи Канаѓанката Јосипа Кафадар со хрватски корени со 2-0 (0-0, 6-5), а во четвртфиналето ја совлада Тунижанката Икрам Дахри 2-1 (3-3, 7-3, 4-1).

Одличната сплиќанка загуби во полуфиналето од носителката број еден од Тајланд Панипак Вонгпатанакит со 0-2 (0-8, 5-11).

Поради ограничениот број на спортисти на игрите во таеквондо, категориите се комбинирани, што значеше дека Лена мораше да настапи во повисоката категорија, а не во нејзината природна категорија до 46 килограми, во која е непобедлива во последните години. .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON