Хрватката Кришто прослави медал, но судиите ѝ го одзедоа и го доделија на џудистка од Косово

Хрватската натпреварувачка во џудо Катарина Кришто го загуби мечот за олимписка бронза против Лаура Фазлиу од Косово, откако претходно прослави победа и освоен медал.

Катарина со одличен потег успеа да ја сруши противничката од Косово, меѓутоа за девојката од Сплит следеше вистински шок.

Судиите ја прегледаа видео-снимката, по што утврдија дека Хрватката прекршила правило и ја фатила Лаура под појасот, поради што ѝ беше изречена казна.

Со оглед на тоа дека претходно Катарина двапати беше казнета, третата санкција значеше и автоматско исклучување, а победата ѝ припадна на Фазлиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON