Хроничен синузит ја спречи Аманда Нунеш да се бори на УФЦ 213

Хроничен синузитис е причината за откажувањето на Аманда Нунеш (Бразил) од борбата со Валентина Шевченко.

Средбата требаше да биде главен меч на галавечерта на УФЦ 213 во Лас Вегас (САД). Бразилката изненадувачки отиде во болница неколку часа пред судирот. Докторите и дадоа дозвола да се бори, а и покрај сите напори на организаторите да ја убедат да се бори, таа ги одби.

Нунеш имала влошување на хронично заболување уште на вагата. Официјално, се уште никој не ја објавил причината за одбивањето, но ТМЗ нашле извор кој го навел синузитисот.

Шефот на УФЦ, Дана Вајт, беше многу разочаран од шампионката на организацијата во перо категорија и најави дека таа повеќе нема да се бори во основен меч на галавечерта, организирана од страна на компанијата.

https://youtu.be/LjWEQadhsPk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON