Хорхе Лорен (Шпанија) го нокаутира Андреј Сојка (Романија) и го зеде неговиот појас на Суперкомбат во супер полутешка категорија. Дуелот беше на галавечерта во Букурешт. Шпанецот му зададе неколку многу добри крошеа на ривалот. По три последователни нокдауни мечот беше прекинат. Минатата година Лорен се справи и со другиот брат Стојка – Богдан.
Тоа беше првиот пораз за Андреј по серија од осум последователни успеси.
На истата галавечер Тарик Кбабез (Мароко) го освои турнирот на Суперкомбат во супертешка категорија. Тој во финалето го победи Украинецот Роман Криклја.
https://youtu.be/ybdAbyLuMEc