Репрезентативката на Македонија во традиционално такевондо (ИТФ), Христијана Парулеска освои златен медал на Европското првенство во Италија кое се одржува во летувалиштето Јесоло.
Во борбата до 50 килограми, Парулеска во финалето беше подобра од репрезентативката на Украина и така стигна до тронот. Треба да се спомене дека ова е првпат македонската химна да се интонира на Европско првенство во таеквондо (ИТФ).
Пред два дена исто така во една силна конкуренција Парулескао освои сребро во форми (кати).
„Златото ни е заслужено и според мене не е изненадување, чест и гордост е да ја слушаат и поздрават сите нашата химна. Знаејќи ги можностите на нашите репрезентативци. Очекувам и во преостанатите денови од ова Европско првенство да прикажеме одлични борби и да се закитиме со уште медали. Сакам да го искажам моето задоволство, како претседател на Македонската федерација во традиционално теквондо (МТТФ) при ИТФ, овие освоени медали ќе бидат мотив за многу деца и младинци да се запознаат со овој боречки спорт“, изјави селекторот на македонската репрезентација Марјанчо Лазарески