Џудо клубот Сеишин одржа предновогодишен клубски турнир за возрасните категории деца и помлади пионери. Секако, највпечатливо беше пристигнувањето на Дедо Мраз, кој на најмладите и подели пакетчиња.
Инаку, постигнати се следните резултати: -28 кг 1. Матеј Миленкоски 2. Борис Џагадуроски и 3. Леонид Митрески; -31 кг 1.Даријан Мицкоски 2. Ангел Ржаникоски и 3. Михаил Ристески; -38 кг 1.Георгиј Магдески 2.Никола Магдески; -42 кг. 1.Валентин Димитриоски 2. Марко Тодорчески; -46 кг 1 Андреј Сотироски 2. Александар Николоски и 3. Димитри Џокоски; -66 кг 1.Кристијан Тошески 2. Антонио Ковилоски.
Жени -44 кг 1.Михаела Пешталеска 2. Михаела Ржаникоска и 3. Теодора Тасеска
На турнир се одржани и промотивни џудо борби вон конкуренција т.е. помладите членови на клубот со ветераните (сите над 65 годишна возраст), кои од неодамна се приклучија во тренажниот процес на клубот.
1.Маке Спиркоски (ветерани); 1.Киро Здравески (ветерани); 1..Цазо Цветкоски (ветерани) Исто така беа прогласени и се здобија со соодветни награди и најдобрите натпреварувачи на ниво на џудо клуб Сеишин за 2015 година а тоа се следните: деца 1.Никола Магдески 2. Теодора Тасеска; помлади пионери 1. Давид Везенкоски 2. Георгиј Магдески; пионери: 1. Марко Тодорчески 2. Бојан Пашоски 3. Михаела Пешталеска; кадети 1. Мартин Тодорчески 2. Диме Ивчески 3. Александра Најдоска; јуниори 1. Александар Апостолоски 2. Александар Петрески; сениори: 1. Христијан Ѓураков 2. Владимир Талески.
За најредовен и најупорен во тренажниот процес Марио Тошески.
Ipon.mk