Хрговиќ по триумфот против Џојс: Едвај чекам да ја освојам титулата и да се пензионирам

Во главната борба на настанот „Хеви импакт“ во Манчестер, Филип Хрговиќ по десет исцрпувачки рунди со едногласна одлука го победи Џо Џојс.

За најдобриот хрватски боксер тоа беше 18-та победа во професионалната кариера, во која го освои појасот на ВБО меѓународен шампион во тешка категорија.

Во овој меч скона како замена за Дилиен Вајт, кој пред неколку недели го повреди прстот на тренинг и мораше да го откаже мечот.

Иако не го одработи целиот подготвен камп, ризикот за Хрга вроди со плод, бидејќи победата симна огромен товар од грбот.

Имено, пред десет неколку месеци го доживеа првиот пораз во кариерата од Даниел Дубоа, кога остана без појасот на ИБФ привремен шампион, кој Британецот подоцна го замени со вистинскиот.

„Среќен сум поради оваа победа, благодарение на Исус кој ми даде сила да го издржам сето ова и да победам. Му благодарам на тимот, среќен сум што се вратив и едвај го чекам следниот меч“, изјави 32-годишниот Филип за Бокс сошл и додаде:

„Едвај чекам да се пензионирам човече… Да ја освојам титулата и да се пензионирам. Уморен сум од овој стрес“.

Хрватскиот борец призна дека чувствувал притисок пред мечот.

„Бев под притисок. Јас сум од Хрватска, а Хрват кој губи два пати по ред не добива втора шанса. Последната борба ја загубив од светскиот шампион и тешко ми беше да добијам шанса за повратен меч. Не е исто ако доаѓаш од Велика Британија или Хрватска“, истакна Филип Хрговиќ и подвлече:

„Ја прифатив можноста, се подготвував само неколку недели, но верував дека можам да победам. Го направив тоа и многу сум среќен поради тоа. Целиот камп, секоја спаринг сесија, секоја минута мислеа на ќерка ми и за тоа дека ова мора да го направам за неа. Не сакав да има татко губитник, туку татко победник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON