Хрговиќ го скрши Де Мори за само 76 секунди

На хрватскиот тешкаш Филип Хрговиќ му требаше само една рунда за да стигне до 17-тата професионална победа во кариерата.

Во вториот меч од боксерскиот спектакл во Ријад, Ел Анимал победи со прекин за само 76 секунди против Австралиецот Марк де Мори.

Хрговиќ го наметна својот ритам од првиот удар во гонгот и веќе на крајот од првата минута го испрати Де Мори во нокдаун.

Австралиецот стана, но Хрговиќ го опсипа со нови комбинации, принудувајќи го судијата да го прекине мечот.

Со оваа победа го одбрани местото задолжителен предизвикувач на ИБФ во тешка категорија и сега може да ја чека борбата за светската титула.

Имено, ВБЦ шампионот Тајсон Фјури и Александар Усик кој ги носи титулите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО на 17 февруари ќе се борат за обединување на појасите на светскиот шампион во тешка категорија, а доколку се договорат за реванш, соопшти ИБФ, ќе му го одземе појасот на победникот.

Вечерашниов настан го предводи борбата меѓу Ентони Џошуа и Ото Валин, додека во конасловната ќе се појави Дионтеј Вајлдер во дуелот против Џозеф Паркер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON