Хрговиќ ги прозва Јока и Џојс да ги „облечат панталоните“

Филип Харговиќ ги прозва двајцата големи ривали од аматерските години – Тони Јока и Џо Џојс – да најдат храброст да се соочат со него во професионалниот ринг. Хрватот се наоѓа на третото место на светската ранг-листа на ИБФ, а минатата недела од федерација одредија ба боксира со Јока.

Тие треба да се пресметаат откако Французинот постигна контроверзна победа во полуфиналето на Игрите во Рио, со што Харговиќ се закити со бронзениот медал. Потоа, Тони извојува дискутабилна победа над Џојс за да ја зграби титулата, а Британецот – среброто.

Јока чекаше да потврди дали е домаќин на елиминациски меч со Хрватот што ќе се одржи оваа пролет. Победникот треба да биде следниот официјален предизвикувач на ИБФ за појасот кој го држи Александар Усик. Сепак, Харговиќ не сакаше да чека и покрај Тони го повика на борба и Џо Џојс, кој е број 1 во ВБО.

„Едвај чекам да се вратам во рингот. Разбирам зошто Ортиз и Паркер не сакаат да боксираат со мене. Тие ризикуваат премногу. Се надевам дека Јока и Џојс ќе ги облечат панталоните и ќе најдат храброст да се видат во рингот“, изјави Харговиќ.

Хрватот додаде: „Сите знаеме дека Тони не ме победи во Рио. Тој исто така многу добро го знае тоа. Подготвен сум да му докажам. Ако не сака, тогаш нека биде Џо. Би било одлично да го победаие и да бидам предизвикувач и за ВБО“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON