Филип Хрговиќ (10-0, 8 КО) во саудиска Диријах по трет пат го одбрани меѓународниот појас на ВБЦ.
27-годишната непоразена тешкаш во воведниот дел на Руиз- Џошуа 2 во третата рунда го нокаутира Ерик Молина (27-6, 18 КО).
Хрговиќ од почеток го нападна телото на противникот со директи. Молина потоа се жалеше на удар во тилот, а Хрговиќ потоа погоди со краток десен удар на одвојувањето од клинч.
Тексашанецот враќа со добар десен директ, а по серијата удари од јажињата Молина завршува на подот. Нстана збунувачка ситуација, Молина се жали на удар во тилот, судијата се расправа со него и тука доаѓа до ѕвончето за крај на рундата.
На почетокот на втората рунда поранешниот двоен предизвикувач за титулата завршува на подот, но нема броење, а потоа го погодува хрватскиот борец со повеќе незгодни крошеа на кои Хрговиќ враќа со силен заден директ, по кој Молина имаше броење. Хрговиќ го нокаутира Молина во третата рунда со кратко десно кроше, кое заврши на задниот дел од главата, бидејќи Американецот се наведна.
Во првата тешкашка борба на настанот трикратниот аматерски светски шампион Магомедрасул Маџидов (2-0, 2 КО) успешно го комплетираше вториот професионален меч. 33-годишниот Азербејџанец со прекин во втората рунда го победи поранешниот противник на Хрговиќ, Том Литл (10-8, 3 КО). За 32-годишниот Британец ова му е четврти последователен пораз (Хрговиќ, Даниел Дубоа, Дејвид Прајс).