Хозе Педраса (Порторико) ја одбрани титулата на Меѓународната боксерска федерација во супер перо категорија на галавечерта во Машантакет. Тој се сретна со предизвикувачот Стивен Смит (Англија).
Средбата беше многу изедначена. Во деветата рунда Англичанецот се најде во нокдаун и за лудо го преживеа. Во последните две рунди Британецот напаѓаше, но не успеа да го сврти натпреварот.
Порториканецот останува непоразен. Тој има 22 победи (12 со нокаут) од 22 средби. Смит е со два порази и 23 победи (13 со нокаут).
https://youtu.be/gzXe_4CrYQ0