Хозе Алдо посака месечна плата за борците на уФЦ

Hoze Aldo koleno

Шампионот во перо категорија на УФЦ, Хозе Алдо, е со идеја дека борците на организацијата треба да добиваат месечни плати. Алдо изјави дека тренинзите се исклучително скапи, особено за новите натпреварувачи. Шампионот додаде дека има моментите кога поради повреда борец не може да тренира.

Веројатно се сеќавате дека Алдо е приврзаник на идејата натпреварувачите да имаат синдикат кој ќе ги брани нивните интереси.

„Се разбира дека ја поддржувам идејата. Во НФЛ Најк ја прави опремата, додека тимовите и плаќаат на своите спортисти. Истото е и во НБА. Животот е многу тежок за борците кои допрва почнуваат да се натпреваруваат и не заработуваат ништо од платеното гледање. А за тренери, спаринг партнери и друго, се даваат многу пари. Никој не влегува во салата да го удираат, а да не му платиш. Без разлика дали ни се допаѓа или не, ние минуваме низ трауми, кои можат да ни остават белези на долг рок. Тоа е огромна штета за борците, на кои им се плаќа само кога се борат. Ако сте повреден, нема пари. Убаво е да има спонзори, бидејќи тие ги подддржуваат борците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON