Хорхе Масвидал: Ќе се борам за титулата со Усман

Хорхе Масвидал откри дека во септември ќе се бори за титулата во полусредна категорија со Камару Усман. Најлошото копиле во ММА во интервју за „Боксинг сошал“ ја објави веста која се прошири на социјалните мрежи.

Нивната прва битка се одржа пред една година во Абу Даби и Масвидал ја прифати со најава од една недела. Во битката, Усман доминираше, но не воодушеви со ништо и стана предмет на потсмев, бидејќи не престануваше да ги гази нозете на Хорхе.

„Гејмбред“ не престанува да се фали дека му го скршил носот на Усман и со тоа го испровоцира на реванш меч. Минатиот месец, Камару ја одбрани титулата со победа над Барнс и го предизвика Масвидал.

„Сега сум фокусиран на мојата борба за титулата, што ќе се одржи во септември. Сега ми го рекоа тоа. Прво тебе ти кажувам и очигледно имаш среќа. Многу ММА медиуми ќе бидат лути што ова го велам во интервју за медиум кој покрива бокс. Ќе ме наречат предавник.

Веднаш по интервјуто на Масвидал, Али Абделазиз интервенираше и рече дека Масвидал не е тој што треба да одлучи. Усман би решил, а во меѓувреме Абделазиз му понуди на Хорхе да тренира борење“, рече во интервјуто за Боксинг сошал Масвидал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON