Хорхе Бариос пуштен од затвор

Поранешниот светски шампион во бокс, Хорхе Бариос – Хиена (Аргентина), е пуштен од затвор, откако одлежа 27 месеци во затвор.

Уште малку од својата казна ќе отслужи во домашен притвор. Јужноамериканецот ќе биде ослободен условно.

Во 2010-та тој направи сообраќајна несреќа во која загина 22-годишна бремена жена. Веднаш по инцидентот Бариос се сокри, но потоа сам се предаде на полицијата. Неговата пресуда беше 3 години и 7 месеци, но неговите адвокати успеаја да му издејствуваат предвремено ослободување.

Во својата кариера 40-годишниот боксер има 50 победи (36 со нокаут) и 4 порази.

https://youtu.be/TqyEqZDuluQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON