Поранешниот светски првак во тешка категорија Ивандер Холифилд се враќа во ринг на 54-годишна возраст, и тоа против уште постар противник.
Сепак, тоа нема да биде борба за титула. Легендарниот Американец ќе ја прекине пензијата заради хуманитарен меч, што ќе се одржи на 25 мај во Лагос, Нигерија. Тој ќе ги вкрсти ракавиците со 65-годишниот политичар Бола Ахмед Тинуба, кој е поранешен член на нигерискиот парламент.
– Едвај чекам! Ќе го нокаутирам Холифилд, бидејќи јас сум шампион – се пошегува Тинуба.
Судија во рингот ќе биде 82-годишниот Воле Сојинка, добитник на Нобеловата награда за литература.
Овој спектакл се рекламира под името “Грмотевица во Лагос”, со што се алудира на легендарниот меч од 1974 година, кога во Киншаса се соочија Мухамед Али и Џорџ Формен.
Со овој меч ќе се одбележи 50-годишнината од формирањето на државата Лагос, а има за цел собирање на два милиони долари, за да се обезбеди медицински материјал.