Поранешната шампионка во петел категорија на УФЦ, Холи Холм, ќе се врати во октагонот есенва.
Извори блиски до организацијата тврдат дека „Ќерката на проповедникот“ ќе се соочи со Бразилката Норма Думонт, а средбата ќе биде во перо категорија. Девојките дадле вербална согласност за натпревар на 16 октомври, а се уште не е познато каде точно ќе се одржи гала вечерта.
.@HollyHolm returns to 145 for a clash with @NormaDumont5 this fall.
Full story: https://t.co/x86hOxj54i pic.twitter.com/4kv7gkQa7A
— MMA Junkie (@MMAJunkie) July 28, 2021
39-годишната Холм не се бореше на 66 килограми од 2018 година, кога ја победи Меган Андерсон. За последен пат, Холм требаше да се бори против Хулијана Пења, но битката не успеа поради повредата на Холи. Инаку, таа е во серија од две последователни победи, последен пат триумфираше над Ирина Алдана минатиот октомври.
30-годишната Думон исто така победи на последните два меча. Таа последен пат ја победи Фелисија Спенсер со едногласна одлука во мај 2021 година.