Холи Холм: Ронда не беше психички подготвена (ВИДЕО)

Ronda borba so

Поранешната шампионка Холи Холм не смета дека Ронда Русеј била психички подготвена да се врати во октагонот против Аманда Нуњеш.

Ронда претрпе деструктивен пораз за само 48 секунди, а Холм го истакна своето видување на работите.

„Бев малку загрижена за психичката состојба. Знам дека многу луѓе мислат дека ги избегнува медиумите, за да не се расејува. Јас, исто така го мразам сето тоа, но погодете што – тоа е дел од самиот меч. А ако не го правев, дури и не мислев дека би била подготвена за средбата“.

„Ако не можеш да зборуваш за тоа, дури и ако не можеш да ги правиш нормални работи пред некоја средба, не мислам дека воопшто си подготвен да се бориш. Ако не можеш дури да зборуваш за тоа што очекуваш кога ќе влезеш внатре и да се претставиш добро“?

На 11 февруари Холм може да стане првата шампионка на УФЦ во перо категорија во мечот против Жермејн де Рандами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON