Помина повеќе од еден месец откако Холи Холм успеа да ја победи Ронда Русеј и да стане новата шампионка во банатам категоријата.
Оттогаш радиклано се промени животот и на двете девојки. Холм предизвика огромен медиумски интерес, додека Русеј се повлече и се оддалечи од јавноста, уживајќи неколку недели во приватноста со своето момче, борецот на УФЦ во тешка категорија, Тревис Барун.
Додека Холм јавно ја бранеше Русеј, по победата, Ронда се уште официјално не и ја честиташе титулата.
Еве, како коментира тоа Холм:
„Не, тоа не ме загрижува. Мислам дека штом таа не сака да го направи тоа, тогаш можеби некој влијае на нејзе. Навистина, досега не реагирала на таков начин. Знам дека во неа во моментов беснеат многу емоции. За мене, навистина тоа не е важно. Нема да го изгубам сонот поради фактот дека таа не ме поздрави“.
Од УФЦ силно сакаат да организираат реванш меч за време на УФЦ 200, но се уште не е јасно дали тогаш Ронда ќе биде физички здрава, за да се бори.