Поранешната шампионка на УФЦ во петел категорија, Холи Холм е подготвена за потенцијално враќање во боксот. 40-годишната Американка не се натпреварува од октомври 2020 година кога извојува доминантна победа над Ајрин Алдана. До денес Холи е во серија од две последователни победи и скор 14-5 во ММА.
Пред да влезе во ММА, Холм се натпреваруваше во бокс, каде што забележа 33-2-3 во рингот. Таа беше повеќекратна светска шампионка во бокс, бранејќи ја титулата 18 пати во три тежински категории и двапати стана борец на годината на магазинот Ринг (2005, 2006).
Холм е член на Боксерската куќа на славните и верува дека може повторно да стане шампион. Во интервју за FightHype.com, зборуваше за боксот.
„Ми недостига боксот. Секогаш ќе биде дел од моето срце и никогаш не се знае. Можам да се вратам во рингот затоа што многу луѓе го прават тоа. Многу борци се обидуваат да го променат спортот и никој не успева.
Не многу луѓе можат успешно да го направат тоа, но јас можам. Знам дека можам. Знам дека можам да му се вратам на боксот и повторно да станам шампион“, рече Холм.