Хоакин Бакли и Абдул Разак Алхасан ќе се борат во средна категорија на настанот УФЦ Фајт најт 200 на 15 јануари 2022 година.
Бакли има скор 13-4 во ММА и доаѓа по победата над Аројо. Тој го нокаутира минатиот месец и освои бонус. Хоакин 10 од своите средби ги заврши со нокаут, а трипати беше нокаутиран. Тој има добиено 3 од неговите последни 4 битки и доби бонуси во нив.
Алхасан, пак, има учинок од 11-4 во ММА и доаѓа по победата над Чирико. Со оваа победа сопре серија од 3 последователни порази. Абдул победи на 11 средби со нокаут, а еднаш е нокаутиран. Во неговиот последен меч во август за 17 секунди го нокаутира Ди Чирико и освои бонус.