Хектор Ломбард дебитираше во боксот без нараквици на БКФЦ 10 на Фт. Лаудердале, Флорида.
42-годишниот Кубанец во првиот меч со голи раце со едногласна одлука на судиите (49-46, 48-47 х2) порази уште еден ММА борец, 28-годишниот Дејвид ’Реднак’ Мундел,.
Мечот се одржа на тежина до 90 килограми.
Ломбард, кој е поранешен шампион во средна категорија на Белатор, последната борба за УФЦ ја имаше во септември 2018 година, кога со едногласна одлука загуби од поранешниот предизвикувач за титулата на Телес Леитес. Тоа беше негов шести последователен пораз.
Во останатите средби Дат Нгуен со крвта на неговиот противник Абдиел Веласкез ја испрска камерата во моментот на нокаутот.