Промоторот на Ентони Џошуа вели дека Тајсон Фјури може летово да го брани појасот на ВБЦ против Еј Џеј.
Борбата наводно ќе се случи доколку Џошуа го победи Џермејн Френклин овој викенд.
„Веќе имавме одредени разговори во декември минатата година. Тогаш беше постигнат начелен договор парите да се поделат 60:40 во корист на Фјури. Верувам дека лесно ќе се договориме за борба, што би предизвикало поголем интерес во Велика Британија отколку за мечот Усик – Фјури“, изјави Еди Херн и додаде:
„Времето ќе покаже колку е реална оваа борба, ја посакувам со целото мое срце“.